Ако сакате да ослабнете, изгубете ги несаканите вишок килограми на здрав начин. Еве како тоа лесно да го сторите на едноставен начин, со приготвувањето на следниот вкусен домашен напиток.

Кога Питер Карвел го објави рецептот за подготовката овој фантастичен пијалок за слабеење на неговиот канал на „Јутјуб“, сите полудеа за него! Тоа е рецепт што го добил од славен британски хомеопат и не е ни чудо што скоро два милиони луѓе го погледнале за краток временски период, а еве и зошто.

Имено, ако не сте љубител на зеленчук, природните сокови се одличен начин да внесете хранливи материи во вашето тело. Но, ако ги комбинирате заедно правилните состојки, ќе добиете моќен пијалок што ги топи масните наслаги од желудникот и го чисти телото од акумулираните токсини!

Затоа, побрзајте за купување намирници и подгответе го овој одличен пијалок!

Моќен домашен напиток за слабеење

Потребни состојки

  • 1 голема репка
  • 2-3 свежи моркови
  • 4-5 стапчиња целер
  • 1 грст свеж спанаќ
  • 1 јаболко
  • 1 свежа краставици
  • 2 ротквици
  • 1 корен свеж ѓумбир (големина 1 см)
  • 1 лимон

Начин на подготовка

Добро исчистете ги зеленчукот и овошјето, а потоа додадете ги во вашиот соковник или блендер и добро измешајте, до добивање на домашниот сок.

Сокот најдобро е да се консумира наутро, а од овие намирници ќе добиете околу 500 мл сок. Оние што го пробале овој пијалок велат дека е толку хранлив, што може да замени мултивитаминска пилула, па дури и појадок!