Во време на пандемија, доколку не сакате да ги посетувате фризерските салони, а сепак не би сакале да го занемарите изгледот на вашата коса, за таа цел имаме одлично решение за вас! Станува збор за рецепт за природна фарба за коса, а со која ќе изгледате како да сте излегле oд самиот фризерски салон.

Оваа техника ќе ја освежи бојата и ќе го врати нејзиниот сјај. Ако имате кафеава или црна коса, следете ги упатствата. Сè што ви е потребно е обично кафе. Постапката е многу едноставна, подгответе кафе како што обично правите кога го пиете. Во зависност од должината на косата, ќе ви бидат потребни од 250 до 500 мл црно кафе.

По неговот приготвување, оставете да се излади. На 250 мл кафе, додадете 2 супени лажици балсам за коса и добро измешајте.

Нанесете ја природната „боја“ на косата, темелно и внимателно, а потоа оставете ја еден час завиткана во фолија. Потоа исплакнете го кафето, без да додавате шампон. Ако сакате да добиете уште потемна нијанса, повторете ја постапката. Бидејќи во овој случај не се користат никакви хемикалии, не постои страв од оштетување на косата.