Дали корисите омекнувач при перењето на алиштата? Доколку да, тогаш знаете колку истиот ја прави облеката мека на допир и прекрасна на мирис. Но, често овие производи предизвикуваат алергии кај луѓето.

Ако не сакате да ризикувате, а сепак не сакате да се откажете од користењето на омекнувач, за таа цел, денес за вас имаме подготвено рецепт за чудесен домашен омекнувач кој може да го приготвите уште денес многу лесно.

Домашен омекнувач

Потребни состојки

  • 350 гр од било каков балсам за коса (дури и да е од најевтиниот)
  • 1,5 шолји бел оцет
  • 3 чаши топла вода
  • 20 капки етерично масло од лаванда или било кое друго, по ваша желба
  • Пластично шише со капаче
  • Голем сад
  • Маталка

Начин на подготовка

Исипете го балсамот за коса во садот и додадете ги оцетот и водата.

Додадете 20 капки етерично масло од лаванда или било какво друго по ваша желба, а може и воопшто да не додавате.

Користејќи ја маталката, добро измешајте ја смесата.

Добиената смеса исипете ја во шишето и истото добро затворете го. Додавајте ја готовата смеса при секое перење и вклучување на машината за алишта, на вообичаениот начин, како што тоа го правите со купечкиот омекнувач.