За разлика од пресното млеко, киселото млеко многу побрзо се вари и притоа значително ја подобрува нарушената дигестија, ги исфрла токсините од организамот и ги неутрализира стомачните киселини.

Тоа содржи огромен број на витамини, при што неговата консумација го подобрува нашето општо здравје и ја подобрува функцијата на дигестивниот систем, црниот дроб и панкреасот.

Токму затоа многу нутриционисти го препорачуваат следниот домашен наптиок кој содржи кисело млеко, ако сакате брзо, ефикасно и лесно да се ослободите од прекумерената тежина, односно вишокот килограми.

Домашен коктел со кисело млеко за моќно слабеење

Потребни состојки

  • 300 мл кисело млеко
  • 3 страка магдонос
  • 3 страка копар
  • 3 страка целер
  • 1 краставица
  • Прстофат сол
  • Мелен црн пипер

Начин на подготовка и употреба

Измијте го зеленчукот, а потоа додадете го во блендер и исипете половина од киселото млеко. Добро измешајте ги состојките, а потоа додадете го и преостанатиот дел од млекото и повторно добро измешајте. Исипете го готовиот коктел во чаша и додадете сол и мелен црн пипер по вкус.

Овој коктел лесно може да го замени вашиот појадок или вечера, а веќе следниот ден од првото консумирање ќе се чувствувате полесно и освежено.