Плочките во бањата се местото кое најдобро открива каква е општата хигиена во еден дом. Но, сепак, дури и да ги одржувате секоја недела, чистењето на фугите меѓу плочките понекогаш е невозможна мисија.

Истите се омилено место за наталожување на секаков вид на мувла и прашина, кои пак, можат сериозно да му наштетат на нашето здравје. Но, без грижи, денес ви откриваме еден неверојатно лесен домашен рецепт, благодарение на кој вашата бања ќе биде поблескава од било кога!

Домашен моќен чистач на фуги

Едноставно приговете паста од сода бикарбона. Добро измешајте сода бикарбона со вода, до образување на паста, а потоа добиената смеса нанесете ја врз фугите на плочките и оставете ја истата да отстои така преку цела ноќ. Следното утро земете стара четка за заби и добро истријте ја смесата од фугите. Остатоците од содата отстранете ги со мокра крпа.

Исто така, доколку немате сода, друга одлична алтернатива е да измешате 1 литар вода, 1/3 кафена лажица сок од лимон и ¼ кафена шолја бел оцет, благодарение на која плочките ќе заблескаат за само неколку минути.