Секој од нас сака да биде во одлична форма, без да се срами од сопственото тело, но уште поважно е секогаш да бидеме здрави и да се чувствуваме добро.

Денес за вас имаме подготвено рецепт за еден специјален домашен напиток кој ќе го освои вашето срце. Напитокот кој важи за еликсир на рамниот стомак, се прави од 4 вкусни состојки, а неговото редовно консумирање ќе ве ослободи од вишокот килограми и здодевните масни наслаги.

Домашен еликсир за рамен стомак

Потребни состојки

  • 150 мл сок од грејпфрут
  • 1 кафена лажица мед
  • 2 кафени лажици јаболков оцет
  • 50 мл вода

Начин на подготовка

Најпрво растворете го медот во сокот од грејпрфут, а потоа додадете ја водата и јаболковиот оцет. Добиениот напиток треба да го консумирате 2 пати на ден, пред појадок и пред вечера, 15 минути пред да започнете со истите.