Речиси секој во животот се соочил со несаканата појава на акни, кои лесно може да го нарушат надворешниот изглед, како и самата самодоверба на личноста, а кои лесно може да настанат како резултат на хормонски промени.

Со цел брзо и ефикасно да се ослободите од овој вечен проблем, кој ги мачи речиси сите девојки и жени, денес ви го претставуваме најлесното домашно решение. Прочитајте во продолжение за што станува збор.

Домашен билен спреј против акни

Потребни состојки

  • 1 ќесичка зелен чај
  • 1 ќесичка чај од нане
  • 3 капки масло од чајно дрво
  • 1 кафена шолја врела вода
  • Дополнително ќе ви бидат потребни чајник, керамичка шолја и шише – спреј

Начин на подготовка и употреба

Поставете ги ќесичките со чај во чајникот, полејте со врелата вода и оставете ги да се варат околу 5 минути. Откако истиот ќе се свари, прецедете го и оставете го да се излади целосно. Потоа додадете 3 капки масло од чајно дрво и исипете ја добиената смеса во шишето.

Спрејот секогаш нанесувајте го на претходно исчистена кожа. Откако ќе го нанесете, оставете го да се исуши, а потоа нанесете соодветна лесна навлажнувачка крема.

Зошто овој спреј е ефикасен?

Зелениот чај и чајот од нане со векови се познати и многу користени поради нивните моќни лековити својства. Тие се богати со антиоксиданти, ензими, аминокиселини, фитохемикалии, витамини од групата Б, фолна киселина, магнан, калиум, магнезиум и кофеин. Благодарение на овие елементи, чаевите ефикасно ги отстрануваат токсините од кожата, ги лекуваат дамките и белезите и ја подобруваат еластичноста.

Маслото од чајно дрво ја освежува кожата и го спречува затнувањето на порите, воедно благодарение на моќните антивоспалителни и антигабични својства, истото е одлично средство протв акните.