Пицата е една од најпопуларните видови на храна, а воедно и омилена на речиси секој, без разлика на возраста, бидејќи е совршен избор кога станува збор за гости, гледање филм и сл.

За денес ви предлагаме малку поинаква верзија од класичната пица. Станува збор за пица од компири, која е подготвува многу брзо и лесно, која е совршена за консумирање во било кое време од денот, за било која пригода.

Брза и превкусна пица од компири

Потребни состојки

  • 3-4 компири
  • 2 супени лажици пченично брашно
  • 1 јајце
  • 3 домати
  • 200 гр шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 1 супена лажица мајонез
  • 1 супена лажица кечап
  • 2 чешниња лук
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус

Начин на подготовка

Измешајте го кечапот и мајонезот и додадете го и сомелениот лук. Потоа изрендајте го кашкавалот и исечете ја шунката.

Ситно изрендајте ги компирите, додадете го брашното, јајцето, како и солта и мелениот црн пипер и добро измешајте ги сите состојки заедно.

Од добиената смеса од компири, се издвојува тенок слој и истиот се пржи во тава со претходно додадено масло за готвење, на слаб оган.

Свртете ја палачниката и премачкајте ја со смесата од мајонезот и кечапот и добро распоредете ги кашкавалот и шунката,= одозгора на нејзината површина.

Почекајте кашкавалот да се растопи и така сервирајте го специјалитетот, додека сè уште е топол.

Пријатен апетит!