Мозочниот удар претставува сериозно нарушување на церебралната циркулација. Тој е еден од водечките причини за смрт во светот, од областа на крвните заболувања.

Доколку се сомневате дека вие или ваш близок сте преживеале мозочен удар, еве како лесно може сами тоа да го проверите, пред да повикате Брза Помош.

Еве кои се основните симптоми на мозочен удар:

  • Трнење на едната половина на лицето
  • Загуба на сила и чувство на трнење при крајниците
  • Спонтана загуба на видот
  • Многу силна главоболка

3 начини како сигурно да проверите доколку се сомневате дека сте преживеале или моментално имате мозочен уар

1. Обидете се да кажете нешто

За време на мозочен удар, личноста ќе се соочи со потешкотии во зборувањето. Обидете се да кажете нешто, на пример, вашето име или некој друга фраза.

Доколку имате потешкотии во изговарањето на овие едноставни зборови, тоа е знак на мозочен удар.

2. Насмевнете се

Вообичаено насмевката изгледа еднаква и од двете страни. Доколку насмевката не е симетрична, т.е од едната страна е малку искривена кон надолу, тоа може да биде индикатор за преживеан мозочен удар.

3. Исправете ги рацете

Исправете ги вашите раце пред вас. Доколку не можете да ги задржите на ова ниво, бидејќи немате доволно сила, исто така и овој симптом може да биде индикатор за мозочен удар.