Наскоро и формално ќе се спроведе грандиозна забава по повод официјалното одделување на парот од кралското семејство. Иако сега беа вратени на Островот, војвотката Меган веднаш се врати со синот Арчи, во Канада.

Во меѓувреме, принцот Хари остана уште дополнителни неколку дена за да реши разни важни прашања и обврски. Меѓу другото, испланирана беше и забава за збогување со неговите најблиски пријатели. На големо изненадување на принцот, на забавата дојде и неговата поранешна девојка, Челси Дејви.

Според внатрешни извори, Хари ја организирал оваа голема заедничка забава, бидејќи немал доволно време со секој поединечно да се збогува.

„Кога влезе во просторијата и ги здогледа сите неговите пријатели, Хари едноставно заблеска, не можеше да ја сокрие насмевката.“- изјавиле внатрешните извори.

Принцот бил неверојатно изненаден што на забавата присуствувала и Челси. „ Кога ја виде, не можеше да си поверува на своите очи. Принцот беше многу среќен што ја гледа, а потоа ја прегрна силно.“- додаваат изворите.

Според истите, Хари и Челси уживале во разговорот и постојано се смееле, но изгледале само како стари добри пријатели.