Додека во летно време кожата е подложна на изгореници и дехидратација, во текот на зимата, пак, кожата станува почувствителна и притоа се лупи поради студеното време и недостатокот на витамини.

За да ја запазите нејзината нежна и блескавата текстура во овој период, потребно е секојдневно да ја негувате истата. Некој за таа цел го избира козметичкиот салон, додека пак додека други со домашните третмани го постигнуваат истиот ефект.

Денес со вас споделуваме докажан домашен рецепт на маска за лице, кој може да се натпреварува со скапите третмани во салоните за убавина.

Домашна навлажнувачка маска за лице

Beautiful young woman at spa center

Потребни состојки

• 2 супени лажици цвет од камилица
• 1 супена лажица масло за готвење
• 1 супена лажица сок од алое вера
• 200 мл топла вода

Начин на подготовка

Сварете вода и налејте ја топлата вода врз камилицата. Оставете ја да отстои така 30 минути. За оваа цел, може да употребите и сушени цветови од камилица, кои се продаваат во аптеките.

Добиената инфуција се прецедува преку ткаенина. А следно кон истата додадете затоплено масло за готвење.
Потоа кон добиената смеса, додадете го и сокот од алое вера и добро измешајте ги сите состојки заедно, до нивно соединување.

Начин на употреба

Aloe Vera use in spa for skin care

Нанесете ја готвата маска за лицето, вратот и деколтето и оставете ја да отстои 20 минути, а потоа измијте ја вашата кожа со екстракт од камилица. Уживајте во резултатите на мека и хидратирана кожа!

За совршени резултати, потребно е да ја нанесувате маската еднаш неделно и редовно да ја чистите вашата кожа, со што ќе ја подобрите циркулацијата на крвта и ќе ја спречите појавата на брчки и акни.