Дали некогаш сте се запрашале што би напишал еден 2-годишник во личен дневник, доколку може чувствата да ги изрази со зборови? Тој знае да зборува, но не доволно.

Она што малкумина го знаат или едноставно не веруваат, е дека малите деца не се во состојба да ги контролираат или да ги вербализираат нивните емоции.

Дневникот на едно 2-годишно момче

„Имам 2 години. Не сум разгален, ниту лош…разочаран сум. Нервозен сум, под стрес и со многу измешани емоции. Има потреба од прегратка. Се разбудив денес и посакав сам да се облечам. Но, ми рекоа: „Не, немаме време за тоа, ние ќе го направиме.“ Се натажив.

Сакав сам да јадам, но ми рекоа: „Не, брзаме, немаме време. Ние ќе те нахраниме.“ На крај тоа и ме расплака. Сакав да излезам од автомобилот, но ми рекоа: „Не, немаме време, сами ќе те извадиме од седиштетот.“ Сега посакав да побегнам.

Подоцна, во детската градинка да си играм на генерал. Сакав да си играм со автомобилот, со кое другото дете си играше и затоа јас му ја одзедов играчката. Тогаш ми рекоа: „Не, тоа не е дозволено! Нешатата кои друг ги држи во рака, не треба да му се одземаат.“

Не сум сигурен што погрешно сум направил, но знам дека се натажив. Затоа започнав да плачам и посакав прегратка. Сакав прегратка, но ми рекоа: „Ајде, не плачи, оди да си играш!“. Потоа рекоа да ги собереме играчките, но не бев сигурен што треба да правам и чекав некој да ми покаже, но само ми рекоа: „Што правиш? Зошто стоиш таму? Оди да си ги собереш играчките!“

Не ми беше дозволено да се облекувам сам, но сега дури ми рекоа некои работи сам да ги соберам. Не знам што точно треба да правам. Каде да ги ставам тие коцки? Нели треба некој прво да ми покаже? Од каде да започнам? Слушам многу наредби и зборови, но не ги разбирам сите. Страв ми е и затоа ништо не правам и не се движам.

Легнав на подот и започнав да плачам. Кога дојде време за ручек, посакав да имам своја чинија, но ми рекоа: „Не, мал си сè уште, остави ја чинијата!“ Тоа ме натера да се почувствувам навистина мал. Потоа се обидов да јадам од храната, која беше поставена пред мене, но некој постојано ми носеше јадење пред лицето. И кога веќе не сакав да јадам, сакав да престанам, но ми рекоа дека морам, бидејќи сум мал и треба да јадам.

Тоа ме натера да плачам уште повеќе и затоа сега сум гладен и разочаран. Тажен и изморен сум и имам потреба од некој да ме земе и да ме утеши. Немам контрола врз работите, се плашам и затоа плачам уште повеќе.

Јас имам 2 години. Не ме оставаат да се облечам, не му дозволуваат на моето тело да се движи онаму каде ќе посака и никој не го интересира што сакам јас. И на крај, повторно очекуваат од мене да слушам. Очекуваат од мене да знам што треба да кажам и да го контролирам моето поведение. Очекуваат од мене да седам мирен, неподвижен и однапред да знам дека ако фрлам нешто, тоа може да се скрши. Но, јас НЕ ЗНАМ многу работи.

Јас сум 2 години. Не сум разгален, ниту лош, едноставно сум разочаран и потребна ми е прегратка.“