Здравите и вкусни десерти секогаш ни паѓаат на ум кога сакаме да подготвиме нешто за самите нас кога сме на диета или кога подготвуваме нешто за децата.

Комбинацијата на банани и овесни снегулки е совршен избор за оваа цел, особено кога ќе видите колку е лесно да ги подготвите овие колачиња: без брашно, без шеќер, јајца и путер.

Со само неколку состојки, за неколку минути ќе имате исклучително здрави и вкусни колачи.

Диетални колачи со вкус на банана

Потребни состојки

  • 2 зрели банани
  • 100-150 гр овесни снегулки

Начин на подготовка

Излупете ги бананите и исечете ги колку што е потенко возможно, добро изгмечете ги, а потоа додадете ги и овесните снегулки и состојките измешајте ги со вилушка, до добивање на една соединета смеса.

Во сад за печење поставете соодветна хартија за печење и формирајте ги колачињата од претходната смеса. Истите поставете ги да се печат 15 минути на 200°C.

На крај, оставете ги да се изладат, а потоа сервирајте со шолја млеко!