Тиквичките приготвени на овој начин ќе бидат неверојатно побогати на вкус, благодарение на диеталниот состав на рецепт, во истите ќе може да уживате бескрајно, без да се грижите за вишокот килограми.

Диетални ќофтиња од тиквички

Потребни состојки

  • 300 гр урда
  • 300 гр тиквички
  • 1 јајце
  • Половина кафена лажица сол
  • 4-5 кафени лажици пченично брашно
  • Магоднос и копар по ваш вкус
  • 2-3 супени лажици сончогледово масло

Начин на подготовка

Во длабок сад, изматете го јајцето со урдата притоа додадете прстофат сол. Следно додадете ги изренданите и прецедени тиквички, како и исечените зачини. Додадете го и брашното и добро измешајте ги сите состојки заедно.

Од добиената смеса, формирајте околу 14-15 топчиња и истите поставете ги да се пржат околу 2-3 минути, од секоја страна во добро загреана тава со сончогледово масло.