Денес ви предлагаме да пробате една необична, но неверојатно ефикасна диета со таратор. Оваа ладна летна салата е идеалниот начин да го доведеме нашето тело во супер форма, токму за летниот одмор.

Покрај тоа што ќе се чувствувате освежени во текот на топлите летни денови, благодарение на хранливата вредност на диетата, ќе го намалите чувството за глад, а за време на нејзиното практикување во рамките од 2 недели, возможно е да се симнат до 7 вишок килограми.

Поради лукот кој се содржи во тараторот, ќе го зајакнете имунитетот и ќе ја подобрите состојбата на косата и кожата. Копарот е богат извор на витамините Ц, Б1, Б2, Е, калиум и фосфор, со кој ќе го решите проблемот со несоницата и анемијата.

Диета со таратор

Пример како треба да изгледа еден ден во кој се вклучени 5 оброци

  • Појадок: 2 сварени јајца и мал сад мусли со овошје
  • Ужина: Овошје по ваш избор и 2-3 бисквити со јаткасти плдови
  • Ручек: Таратор во неограничено количество
  • Ужина: 50 гр јаткасти плодови (бадеми, индиски ореви, лешници)
  • Вечера: Таратор во неограничено количество

Додека трае диетата, се препорачува да не додавате премногу сол во тараторот и при неговата подоготвка не додавајте масло за готвење. Исто така, може да консумирате кафе и чај, но не и алкохолни напитоци, како и овошни сокови, кои содржат шеќер.

Ако имате претерана желба за благо, мед и суво грозје се одлчен избор да се заситите, a за поголем ефект, не треба воопшто да консумирате леб. Исто така треба да пиете по 1,5 литри вода дневно.