Џенифер Лопез е препознатлива по нејзиниот гламурозен надворешен изглед каде и да се појави, од фантастичните модни комбинации до самата елегантна и модерна шминка.

Но, овој пат, светската ѕвезда ги освои нејзините фанови со сосема поинаков изглед, објавувајќи фотографија каде е во природно и секојдневно издание.

Многумина се едногласни дека за 51-годишна возраст, популарната пејачка изгледа значително младо и затегнато!