Славната Џенифер Лопез ги засени помладите колешки и девојки, откако пред некој ден, на нејзиниот официјален Инстаграм профил објави фотографија на која пејачката е облечена во бел костим за капење.

За многу брзо време, славната ѕвезда собра милиони допаѓања и ја воодушеви светската јавност со тоа што и на 50 години изгледа едноставно неверојатно, покажувајќи ги обликуваните мускули.