Обично велат ако имате вистински сон, тој ќе се оствари без оглед на сè, а токму шпанската манекенка Маријан Авила го докажува тоа. Ова мало девојче со Даунов синдром го изгради својот пат кон кариерата како модел и покрај фактот дека повеќето луѓе со ваква дијагноза се соочуваат со огромни проблеми при барање на работа.

Во продолжение ја споделуваме со вас,  приказната за оваа талентирана млада жена:

Како дете, Маријан сонуваше да го освои модниот свет и да учествува на ревии на модните писти. Немаше ништо што можеше да го спречи девојчето да го достигне својот сон – од фактот дека е родена со Даунов синдром до нејзината висина, што беше 160 цм, а не стандардните 175 цм што обично се бараат кај девојките кои сакаат да бидат модели.

Во 2016 година завршила стручен курс во училиште за манекенство каде студирала 10 месеци. Истата година, девојчето дебитираше како модел на добротворна ревија на дизајнерката Лина Лавин, што се одржа во Мадрид. Маријан сака да се облекува модерно и да изгледа елегантно. Особено сака да облекува посвечени дизајни и да посетува разни настани – тие се вистинска радост за неа.

Нејзиниот голем сон беше да прошета по модната писта на една од познатите модни недели. И ова беше предодредено да се оствари. Еве што вели самата девојка за тоа: „Во април, добив писмо во кое се вели дека дизајнерката Талиша Вајт сака да бидам претставена како нејзин „главен модел“ на њујоршката модна недела на 8 септември 2018 година. Конечно, конечно! Не можев да престанам да плачам од толку емоции. Постојано повторував: „Ова е мојот сон, ова е мојот сон“.“

Маријан продолжува: „Тој датум брзо дојде, секогаш кога ќе размислам за тоа, грутка во грлото ме тера да плачам, многу сум возбудена. Парадирав во Њујорк, немам зборови, го исполнив мојот сон. Никогаш не помислив дека дизајнерката или било кој, без да ме познаваат лично, ќе веруваат во мене и во мојот труд!“ – вели девојчето.

Кензи Дугмор, ќерката на координаторот на Модната недела, всушност беше личноста која напиша писмо на Маријан, откако на Фејсбук сосема случајно прочита за сонот на девојчето да учествува на модната недела. На 8 септември Маријан прошета на модната недела во Њујорк, а нејзиното семејство навиваше за неа во ходникот до пистата.

Во едно од своите интервјуа, кога Маријан беше прашана која е нејзината главна поддршка, таа призна дека тоа е нејзината сестра која е секогаш со неа, давајќи ја потребната поддршка, па дури истата помага за создавање на фотографиите наменети за социјалните мрежи.

„Вистината е дека тоа беше многу возбудливо. Немам зборови. Тоа беше остварување на голем сон. Сакав да му покажам на целиот свет дека нема бариери ако сонувате“ – сподели девојката за своите впечатоци за сè откако прошета во Модната недела. Таа исто така сподели дека сакала лично да се заблагодари на Талиша по шоуто, но станала премногу емотивна за време на нивниот состанок и почнала да плаче.

Ова искуство ги отвори вратите на младата девојка во модната индустрија. Таа сега има 23 години, живее во Бенидорм, Аликанте, Шпанија, и е официјално лице на новата кампања на Леви. И пред тоа, таа имаше можност да се појави во познати списанија, како што се Вог, Њујорк Тајмс, Венити Фер и Харперс Базар.

Покрај манекенството, успешното девојче активно го учи англискиот јазик и е посветена на нејзиното пеење.

Таа активно ги користи социјалните мрежи за да им помага и на останатите кои имаат Даунов синдром, а оваа година ја доби Квинси Џоунс наградата за нејзините извонредни достигнувања, уште еднаш докажувајќи дека секој сон е возможен, ако сте навистина талентирани.