Безброј пати сме пишувале колку прекрасната војвотка Кејт Мидлтон е горда мајка на 3 извонредни деца. Таа заедно со принцот Вилијам се стреми да ги воспита децата во одговорни личности со вистински вредности.

Доказ за ова е неодамнешно објавено видео од тројцата слатки кралски членови, кое беше објавено на кралскиот официјален Инстаграм профил.

На видеото, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи се придружуваат со слатко и силно ракоплескање, во знак на поддршка на медицинските лица ширум светот, кои неуморно се борат против коронавирусот.