Музиката е често совршено бегство од секојдневната рутина на нашите животи, оддалечувајќи не од реалноста. Меѓутоа, за некои, музиката е мост што нè поврзува поблиску до светот, особено за ова двегодишно момче со Даунов синдром, Бо.

Аманда Боуман Греј, мајка од Јута, сподели видео на нејзините деца како ја пеат песната „Ти си моето сонце“ на Фејсбук, каде што брзо го привлече вниманието на луѓето. Не само што беше прекрасно тоа што ќерката на Аманда, Лидија, свири на гитара и пее, но исто така беше исклучително посебно за помалото братче. Додека Лидија ја пеела песната одново и одново, нејзиниот брат почнал да ги учи зборовите кои што ги пеела, со што ги научи своите први зборови преку музика. Бо има речник од 12 зборови, а „среќен“ е неговиот прв збор.

„Секако вреснав, го бутнав сопругот! Бев многу емотивна!“, вели Аманда. Таа вели дека напредокот на нејзиниот син е доказ дека музичката терапија функционира откако специјалист ја предупредил дека Бо, најверојатно, ќе почне да зборува на возраст од 3 години и подоцна.

Запознајте го Бо и неговото семејство.