Денес со вас споделуваме рецепт за неверојатен десерт, кој за првпат бил направен пред 400 години, а денес повторно е вистински хит! Комбинацијата од овошје, крем и чоколадо е едноставно чудесна!

Десерт со 3 слоја, стар 400 години

Денес со вас споделуваме рецепт за неверојатен десерт, кој за првпат бил направен пред 400 години, а денес повторно е вистински хит! Комбинацијата од овошје, крем и чоколадо е едноставно чудесна!
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: чоколаден десерт, овошен десерт, крем
Порции: 4

Состојки

За пандишпан

  • 30 гр какао
  • 70 гр брашно
  • 90 гр шеќер
  • 3 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 1 кафена лажица пециво

За кремот

  • 50-100 гр шеќер во прав
  • 250 гр урда
  • 300 гр павлака

За глазурата

  • 300 гр чоколадо
  • 120 гр павлака

За филот

  • 2 банани
  • 400 гр јагоди

Начин на подготовка

За пандишпанот

  • Измешајте го брашното со какаото и пецивото, пресејте ја смесата и добро измешајте. Изматете ги јајцата во одделен сад, додадете го шеќерот и матете 4-5 минути со миксер, додека смесата не се зголеми.
  • Исипете ја брашнената смеса во неколку пати во смесата со јајцата и добро измешајте до добивање на една хомогена смеса. Исипете го добиеното тесто во сад со димензии 26 х 26 цм и порамнете.
  • Претходно згрејте ја рерната до 180°C. Печете околу 20 минути. Проверете со дрвено стапче колку е готово. Потоа извадете го готовиот пандишпан и оставете го да се излади, а по 15 минути исечете го на коцки.

За кремот

  • Исипете ја павлаката во длабок сад и добро изматете. Додадете ја урдата и шеќерот во прави и повторно добро измешајте.

За филот

  • Измијте ги јагодите, отстранете ги врвовите, исушете и исечете на коцки. Исечете ги бананите на кругови. Може да изберете и сосема друго овошје, по ваш вкус.

Формирање на десертот

  • Земете правоаголен сад (27 х 15 цм), поставете малку крем на дното, а потоа од бисквитните коцки. Истите поставете ги на растојание. Покријте со уште крем. Сега одозгора подредете ги бананите и јагодите и повторно покријте со крем.
  • Поставете одозгора уште парчиња од пандишпанот и покријте со преостанатиот крем. Поставете го десертот во ладилникот да отстои 1 час, со цел кремот да се затегне.

За глазурата

  • Искршете ја чоколадата и додадете ја во тенџере, а потоа внатре додадете ја и павлаката. Може да земете било какво чоколадо, но највкусно е млечно со јаткасти плодови. Поставете ја смесата на водена пареа и растопете. Потоа изладете ја до топла состојба.
  • Извадете го десертот од ладилникот и полејте ја глазурата. Поставете го повторно десертот во ладилникот, најдобро да отстои цела ноќ. На крај може да декорирате со овошје, уште чоколадо и јаткасти плодови по ваша желба.