Меган Маркл може да се пофали со беспрекорна и блескава кожа, која во огромен степен се должи на редовната нега и грижа, која актерката редовно ја практикува.

Сега Никола Џос, нејзиниот личен дерматолог открива кои 3 домашни состојки Меган најмногу ги употребува, благодарение на кои нејзиното лице секогаш изгледа совршено и затоа не му е потребно премногу шминка.

Едноставната домашна нега за кожа на Меган Маркл

„Станува збор за многу лесни домашни маски при кои вие имате целосна контрола врз состојките кои влегуваат во истите и затоа сите мои клиенти ги обожаваат.“

Првата состојка која Џос ја препорачува е кокосовото масло бидејќи неверојатно одлично ја омекнува и потхранува кожата. Може да го нанесете директно на лицето или претходно да го измешате со мед.

Втората состојка, на која Меган е особено голем обожавател, е куркумата, бидејќи помага во драстично намалување на воспаленијата на лицето и помага при затнати пори. Комбинацијата на куркума со кокосово масло одлично ја хидратира и освежува кожата.

Третата состојка се овесните снегулки, кои исто така може да ги измешате со претходните две состојки, а се совршен избор доколку сакате да се ослободите од здодевните мртви клетки и да ги освежите тенот и текстурата на вашето лице.