Ако ја обожавате пицата, а истовремено не можете да им одолеете на палачинките, ова е совршениот рецепт за вас, кој може уште денес да го приготвите. Неговото печење ќе ви одземе само 20 минути, а тоа ќе биде највкусниот ручек некогаш

Потребни состојки

  • 200 гр брашно
  • 4 јајца
  • 2 лажици масло
  • 200 мл млеко
  • 200 мл минерална вода
  • 160 гр + 8 лажици кисела павлака
  • 8 лажици мајонез
  • 8 лажици кечап
  • 8 лажици
  • 8 парчиња кашквал
  • 100 гр гауда
  • 8 парчиња шунка
  • Оригано

Начин на подготовка

Во сад изматете ги 2 јајца, а потоа додадете го млекото и брашното, без да го исклучувате миксерот. Кога текстурата ќе се измазни и ќе нема грутки, додадете  ја минералната вода и маслото и промешајте додека состојките не се соединат. Оставете ја така приготвената смеса да отстои 30 минути, пред да ги испечете палачинките.

Откако палачниките ќе бидат готови, на нивната површина ставете по 1 кафена лажица од кечапот, мајонезот и киселата павлака. Распространете ги добро на целата површина. Потоа, во средина ставете од кашкавалот, гаудата и шунката и поспете малку со оригано. Страните на палачинката свиткајте ги кон нејзината средина, а потоа преклопете.

На истиот начин подгответе ги и останатите 7 палачинки и ставете ги во сад за печење.

Потоа, изматете ги преостанатите 2 јајца, додадете од киселата павлака и ориганото. Добиената смеса прелијте ја преку палачинките подготвени за печење. Преостанатата гауда изрендајте ја и поспипете врз палачинките. Печете во рерна на 220 °C, во времетраење од 15 до 20 минути.