„Се запознавме на роденденот кај еден наш заеднички пријател. Влади веднаш се заинтересира за мене, цела вечер ја поминавме разговарајќи. Добив впечаток дека е интересен и интелигентен, а воедно јас обожавам маж со добра смисла за хумор.“

Во продолжение прочитајте ја приказната на Марија, која се наоѓа во сериозна дилема за нејзината иднина:

„Кога гостите започнаа да си заминуваат, Влади ми побара телефонски број, а јас со задоволство му го дадов. Со нетрпение чекав да се јави. Поминаа неколку дена од нашата прва средба, а потоа се договоривме да се видиме во една кафеана. Кога пристигнав, тој ме чекаше елегантно облечен со голем букет цвеќе. Романтичниот ручек се претвори во вечера, а потоа отидовме на прошетка низ парк. Бев луда по него, а чувствата ми беа возвратени.

Од тој ден започнавме постојано да комуницираме, тој постојано ме опсипуваше со цвеќиња и подароци, па така, по 2 неверојатни месеци, решивме да живееме заедно. Тој живееше сам во стан, а јас живеев со мајка ми, при што Влади ми предложи да се преселам кај него и така и се случи. Ги заедов неопходните работи и веќе бев кај него. Се преселив во Саботата, со размислување да одморам во Недела во новиот дом, пред да започна со работа.

Следното утро заѕвони неговиот телефон, а поради некоја причина тој брзо ме разбуди и мене и ја стави слушалката поблиску.

„Се јавува мајка ми, сака со тебе да разговара“ – рече тој. Бев збунета, а потоа таа рече: „Здраво, сè уште ли спиеш? Време е да приготвиш појадок на Влади. Му напишав нему список што треба да купи и да јаде денес.“

Го погледнав Влади, а тој си лежеше во креветот како ништо да не се случило, како сето ова да е нормално. Веднаш повикав такси и си заминав. Влади ми ѕвонеше неколку пати, но јас не одговорив. По неколку дена тој се откажа од јавување и пораки. Пријателите и сите околу мене долго ме убедуваа дека тој е културен и има стан. Но, зарем може да промените возрасен човек?

Тој секогаш ќе ја слуша неговата мајка и ако нашиот заеднички живот започна вака апсурдно, што да очекувам во иднина?“

Што мислите вие?