„Ех тие палачинки, умирам по нив! Кога слушнам дека некој ќе ги прави, веднаш доаѓам во кујна. Но, со годините не можев да ги приготвам успешно, сè додека не го открив овој рецепт. Сега сум експерт за нив!“

Дали веќе подолго време го барате совршениот рецепт за палачинки? Тој е токму овде и сега, пред вас! Денес ви откриваме како да приготвите палачинки со мајонез и јајца, кои никогаш не се распаѓаат при готвењето и се со многу понежна текстура од оние со млеко. Дури и да ви останат за следниот ден, тогаш се уште помеки и повкусни за консумирање.

Палачинки со мајонез

Овие величествени палачинки може да се консумираат со што сакате, со џем, мармалад, крем, мед…И доколку не сте голем љубител на слаткото, не мора да додавате шеќер во тестото. Може да приготвите палачинка со печурки и сувомеснато и да уживате во солениот богат вкус!

Потребни состојки

  • 0.5 литри топла вода
  • 9 супени лажици брашно
  • 2 супени лажици мајонез
  • 2 јајца
  • 2 супени лажици шеќер
  • 15 гр ванила
  • 2 супени лажици масло за готвење
  • Прстофат сол

Начин на подготовка

Во поголем сад, додадете го мајонезот, јајцата, шеќерот, солта и ванилата и со помош на миксер или поголема лажица, добро измешајте ги состојките.

Во добиената смеса, додадете ја топлата вода и брашното. Измешајте добро, со цел да го избегнете создавањето на грутки, а потоа додадете го и маслото за готвење. Оставете го тестото да отстои 20 минути.

Премачкајте ја тавата со масло за готвење, но само еднаш- на почетокот од пржењето и поставете ја тавата на умерен оган.

Нанесете од смесата за палачинки и притоа, секоја страна од палачинката пржете ја 1-2 минути. Внимавајте да не изгорат.

Топлите палачинки сервирајте ги со смеса по ваша желба, слатко или солено и уживајте во нивнииот извонеден вкус!