Француски дизајнер за луксузни обувки, Кристијан Лубутан официјално ја претстави својата нова колекција на спортски обувки за Пролет/Лето 2019-та година.

Колекцијата го доби своето име “Run Loubi Run”, по спојот на името на дизајнерот со трчањето како спортска активност, а истата ги претстави следниве модели: The Spike Sock , The Red Runner и 1 2 3 Run.

Со лансирањето на оваа нова колекција од урбани дизајни, брендот се спремен да го редефинира концептот на луксузните патики.

Во прилог погледнете ја кампањата за колекцијата:

Моделот “The Spike Sock” или во превод “Боцкавиот чорап” е инспириран од флексибилноста и модерниот изглед.

Моделот “The Red Runner” или “Црвениот тркач” е дизајниран за дами кои не се плашат да отскокнуваат од толпата.