Британски пар бара да вработи дадилка за чување на нивните 5-годишни близначки, но со едно многу специфично барање. Во продолжение прочитајте за што точно станува збор и дали би можеле да прифатите ваква работа.

Ако не сте го надраснале вашиот детски сон да бидете вашата омилена Дизни принцеза од цртаните филмови, вашиот сон штотуку пристигна и е веќе достапна работна професија со отворена позиција да аплицирате.

Токму така, ова е условот на британското семејство кое бара дадилка. Специфичниот услов кој идната дадилка мора да го исполнува е да биде облечена како Дизни принцеза додека ја врши својата работа како дадилка.

За оваа работна задача, идната дадилка ќе работи со скратено работно време и ќе биде платена околу 47 илјади евра.

Како и сите 5-годишници, така и нашите деца се опседнати со Дизни принцезите, па сметаме дека ова е навистина добар начин да ги научиме нешто ново”, изјавиле родителите.

Со тоа што дадилката ќе биде облечена како Дизни принцеза, родителите се надеваат дека на своите деца ќе им одржат важна лекција за улогата на жената и нејзината упорност, амбиција и нежност. Тие истовремено се свесни и сфаќаат дека ова е невообичаена понуда за една дадилка, но бараат некој кој ќе ја зајакне таа атмосфера и цел во нивниот дом, облечен токму како вистински лик од цртаните филмови.