Доколку некогаш сте се обиделе да го исчистите аспираторот во вашата кујна, тогаш најверојатно знаете колку ова може да биде тешка задача, бидејќи истиот може да апсорбира многу маснотии.

Денес ви откриваме го откриваме најлесниот начин како темелно да го исчистите вашиот аспиратор и истиот да заблеска како нов!

Трик за блескав аспиратор по 10 минути

Ќе ви биде потребно

  • Многу голем сад со врела вода (Прво проверете дали аспираторот се собира во садот).
  • Сода бикарбона
  • Лимонска киселина / лимонтус
  • Средство за миење на садови
  • Кујнска тврда четка или стара четка за заби
  • Хартиени крпи или обична кујнска крпа

Начин на подготовка и употреба

Извадете ги филтрите од аспираторот. Доколку садот е доволно голем за да ги собере истите, тогаш наполнете го со врела вода. Колку повеќе е топла водата, толку поефикасен ќе биде резултатот.

Додадете околу 100 гр сода бикарбона и пакетче лимонтус во врелата вода, а потоа потопете ги масните филтри во истата и накиснете. Почекајте околу 10 минути, а следно земете четка и со триење, лесно отстранете ги масните наслаги.

Основниот замастен слој отстранете го со четка, а потоа со сунѓер и средство за миење садови, повторно исчистете ги филтрите. На крај исушете ги со нивно поставување на крпата.