За остатокот од светот Австралија изгледа како прилично чудно место, па веројатно нема да се изненадите   кога ќе дознаете дека земјата има неколку бизарни закони.

Дел од овие правила не ги знаат дури ни Австралијците.

На пример случајот во 2017 кога едно несреќно момче требаше да плати казна од 252 долари за сторено кривично дело-внесување фрижидер во патнички воз.

Очигледно, човекот кршел закон кој им забранувал на патниците да носат преголеми предмети во воз.

Адвокатите Слејтер и Гордон имаат список на неколку други регулативи кои важат во различни австралиски држави за да им помогнат на другите да избегнат да бидат казнети.

На пример, во Западна Австралија не е дозволено да поседувате повеќе од 50 килограми компири „под одредени околности“, додека во Нов Јужен Велс, возачите кои прскаат кал врз луѓето што чекаат на автобуска постојка може да бидат казнети со парична казна од 2.200 долари.

Верувале или не, всушност постојат и други закони кои директно се поврзани со фрижидери. Во Јужна Австралија нелегално е да се продава фрижидер со капацитет од 42,5 литри или повеќе, „освен ако сите врати не можат лесно да се отворат одвнатре“. Очигледно ова е со цел да ги спречи децата да се заклучуваат во големи фрижидери, што да бидеме фер, всушност е разумно објаснување.

Според адвокатот на Слејтер и Гордон, Вероника Драго, повеќето од овие закони датираат од времето кога тие навистина се сметале за неопходни, и од една или друга причина, законодавците никогаш не се обиделе да ги укинат.