Рибиното масло и маслото од црниот дроб на бакалар се различни соединенија, но честопати се мешаат. Рибиното масло е направено од целото тело на масните риби, како што се пастрмка, скуша, туна, харинга, сардина и лосос. Спротивно на тоа, маслото од црн дроб на бакалар се добива исклучително од црниот дроб на бакалар.

Најдобриот вид на бакалар за изработка на суплементот  масло од црн дроб на бакалар е Атлантскиот бакалар (Gadus morhua) – затоа што има многу повеќе хранливи материи од другите видови бакалар. Овие риби се наоѓаат во чистите и студени води на норвешкото море.

Додека рибиното масло содржи само Омега 3, маслото од црн дроб на бакалар содржи Омега-3 масни киселини и витамини А и Д, кои се неопходни на нашите тела за одржување на оптимално здравје. Главната особеност на маслото од црн дроб на бакалар е неговата хранлива содржина. Основните масни киселини на Омега-3, витамин А и витамин Д, кои се наоѓаат природно во оваа масло, се клучни за целокупното здравје на човековиот организам.

Норвешкиот бакалар е побаруван низ целиот свет. Тој е неверојатно здрав избор, содржи помалку од 3% маснотии и сосема малку јаглени хидрати. Околу 96% од калориите во една порција бакалар потекнуваат од протеини. Согласно природните услови и одржливото управување, Норвешка го лови бакаларот од најголемата светска резерва на природен бакалар во арктичкото море. Не е изненадување што, економски, тоа е најважната дива риба што земјата ја има. Затоа го нарекуваат и бело злато.

Норвешкиот бакалар припаѓа на видот Атлантски бакалар (Gadus morhua) или на норвешки „Скреи“, кој е познат по своите извонредни квалитети:

  • Екстремно хранлив
  • Има уникатен, лесен вкус
  • Неговото месо е цврсто, со нежна бела боја
  • Разновидна риба, идеална за широк спектар на јадења
  • Откако ќе се улови, со рибата внимателно се ракува, се чува помеѓу 0-2 ° C и се транспортира за само неколку часа до фабриката со цел нејзините својства да останат непроменети.

Свеж исто како ладните и чисти води на Норвешка, овој бакалар се наоѓа во најголемиот и најдобро управуван резерват за бакалар во светот. За рибите да бидат прифатени во фабриките за производство на масло од црн дроб, тие мора да исполнат неколку услови:

  • Да бидат диви
  • Да бидат возрасни (околу 5 години)
  • Да бидат уловени во традиционални области за размножување на брегот на Норвешка
  • Да бидат во совршена состојба, да нема дупки, модринки или оштетувања

Што да барате кога купувате масло од црн дроб од бакалар?

Купувајте висококвалитетно масло од црн дроб на бакалар кое е беспрекорно тестирано за време на обработката и почувствувајте ја разликата која ја придонесува кон вашето здравје!

Moller’s“ е еден од најстарите норвешки брендови за масло од црн дроб на бакалар со своја историја која потекнува уште од далечната 1854 година. Во средината на 19-тиот век, норвешкиот фармацевт Питер Јоахим Молер ги поставил темелите за модерно производство на масло од црн дроб од бакалар. Питер Молер забележал дека жителите на западниот брег на Норвешка ретко се разболуваат поради честата употреба на масло од црн дроб на бакалар. Почнувајќи од овој факт, тој се посветил на истражување и идентификација на методи за производство на сурово масло од црн дроб на бакалар со подобар вкус, поголема чистота и по прифатлива цена. Така, тој го развил и патентирал методот на употреба на пареа за да го извлече маслото од црниот дроб на бакалар, со што ги зачувал хранливите материи. Ова е почетокот на неговата компанија, основана во 1854 година во Лофотен, на норвешкото крајбрежје на Арктикот, со најчисти ладни води и суровина со највисок квалитет.

Moller’s произведува масло од црн дроб на бакалар со висока концентрација на 100% природно Омега 3, што е 100% природно, кое има висок квалитет и е ослободено од секакви токсини и нечистотии!
Moller’s е достапен во сите аптеки и дрогерии во Македонија.

Она што најмногу зборува за корисноста на производите на „Moller’s“ е тоа што се погодни за користење за сите возрасти, дури и трудници. Благодарение на пријатниот вкус, високиот квалитет и фактот дека доаѓаат директно од природата „Moller’s“ производите се совршен додаток во исхраната на секое семејство. Запомнете дека никогаш не треба да правите компромис кога станува збор за вашето и здравјето на вашите најмили, затоа изберете „Moller’s“!

Дали знаевте дека… Бакаларот се смета за еден од првите извозни продукти на Норвешка. Поради оваа причина, тој е познат и како „норвешкото чудо“… а познат е и како „риба на вљубените“, бидејќи својот живот го поминува подготвувајќи се за своето долго патување кон областите за размножување.