Ова е еден од најраспространетите рецепти за домашен крем кој ефикасно ги отстранува несаканите брчки и е исклучително популарен меѓу дамите ширум светот, па токму затоа вреди да се проба. Домашниот крем истовремено ја зголемува еластичноста на кожата.

Домашен крем против брчки

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица вазелин
  • 1 супена лажица рицинусово масло
  • 1 супена лажица мед
  • 2 капки тинктура од јод

Начин на подготовка и употреба

Во стаклен сад додадете ги сите состојки, а потоа внимателно добро измешајте ги заедно до добивање на домашниот крем. Истиот складирајте го на темно и ладно место, а може да го користите во период од 1 месец.

Пред употреба, промешајте го кремот и нанесете тенок од слој од истиот врз претходно исчистено лице и направете лесна масажа. Кремот може да го употребите и како маска, при што по нанесувањето, оставете го да отстои 1 час, а потоа исплакнете го лицето.