Денешниот рецепт за чоколадна торта не остава никого рамнодушен. Секој дел од истата се топи во уста, бидејќи претставува совршена комбинација од најфиното чоколадо споено со павлака.

Чудесна чоколадна торта

Потребни состојки

  • 200 гр чоколадо
  • 200 гр кафеав шеќер
  • 120 гр пченично брашно
  • 160 мл зејтин
  • 4 јајца
  • 1 супена лажица пециво или сода бикарбона
  • 120 гр ореви
  • 100 гр темно чоколадо
  • 100 мл павлака
  • Прстофат сол

Начин на подготовка

Растопете го чоколадото на водена пареа. Додадете ги сомелените ореви, шеќерот и зејтинот и добро измешајте ги состојките. Едно по едно, додадете ги и јајцата и мешајте, до добивање на соединета смеса со лесна текстура. Додадете порција од пресееното брашно со пецивото и со шпатула, повторно добро измешајте ја смесата.

Исипете ја добиената смеса во сад, со премачкано дно. Печете на температура од 180°C, за 25-30 минути.

На крај, растопете го темното чоколадо на водена пареа и додадете ја и павлаката. Мешајте 1 минута.

Добиениот прелив нанесете го врз тортата, откако истата ќе ја извадите од рерна. Можете парчињата торта да ги сервирате со сладолед или било каков прилог, по ваша желба.

Пријатен апетит!