Дома сте и однеднаш ви се најавуваат најблиските пријатели за гости, на кафе. Наместо веднаш да брзате кон маркетот да купувате чоколадо, оваа брза чоколадна торта е и повеќе од идеалното решение!

Чоколадна торта готова за 10 минути

Дома сте и однеднаш ви се најавуваат најблиските пријатели за гости, на кафе. Наместо веднаш да брзате кон маркетот да купувате чоколадо, оваа брза чоколадна торта е и повеќе од идеалното решение!
Вкупно време20 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: торта, чоколанда торта
Порции: 4

Состојки

  • 1 шолја шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 2 супени лажици пециво
  • 1/4 шолја какао
  • 2 јајца
  • 3/4 шолја млеко
  • 125 гр растопен путер
  • 180 гр темно чоколадо
  • 1/3 шолја павлака

Начин на подготовка

  • Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете гијајцата, млекото и путерот.
  • Добро измешајте, а добиената смеса додадете ја во сад запечење, соодветен за микробрановата печка.
  • Печете ја тортата 7-8 минути на највисоката температура,извадете ја и со чепкалка за заби проверете дали е готова.
  • Оставете ја да се излади, а за тоа време, растопете гочоколадото и измешајте го со павлката.
  • Нанесете го добиениот прелив врз тортата и вашиот десерте готов!