Овој неверојатен десерт се прави многу лесно, поради што не ви се потребни никакви кулинарски вештини, а ни доаѓа од Јужна Америка. Погледнете во продолжение што ви е потребно, за да уште денес ги воодушевите вашите најмили со истиот!

Чоколаден колач со портокал

Овој неверојатен десерт се прави многу лесно, поради што не ви се потребни никакви кулинарски вештини, а ни доаѓа од Јужна Америка. Погледнете во продолжение што ви е потребно, за да уште денес ги воодушевите вашите најмили со истиот!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чоколаден колач, портокал
Порции: 4

Состојки

  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 гр ореви или бадеми или лешници или кокос
  • 100 гр црно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење

Начин на подготовка

  • Најпрво, потопете ги портокалите во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа, варете ги околу половина час додека не омекнат. Добро сомелете ги во блендер, додајте ги јајцата и оревите, претходно сомелен и малку сода бикарбона. Печете на 200°C околу 20 минути.
  • Поставете ја неутралната павлака да се вари и додадете чоколадо во истата додека не се стопи. Прелијте ја готовата смеса врз изладениот колач. Пред да сервирате, поставете го на кратко во ладилникот.