Многумина го избегнуваат правењето на чизкејк, бидејќи по правило е посложен десерт за правење, но не и нашиот чоколаден крал! Денес ви го подготвивме најлесниот и највкусен рецепт за чизкејк!

Чоколаден чизкејк без печење

Многумина го избегнуваат правењето на чизкејк, бидејќи по правило е посложен десерт за правење, но не и нашиот чоколаден крал! Денес ви го подготвивме најлесниот и највкусен рецепт за чизкејк!
Вкупно време6 часа
Оброк: Десерт
Кујна: American
Клучни зборови: чоколаден чизкејк, чоколадна торта, чизкејк
Порции: 4

Состојки

  • 300 гр бисквити со вкус на какао
  • 100 гр путер
  • 400 гр крем сирење
  • 150 гр шеќер во прав
  • 400 гр млечно чоколадо
  • 200 мл павлака

Начин на подготовка

  • Сомелете ги бисквитите на ситни тронки. Растопете го путерот и измешајте го со бисквитите. Добиената смеса поставете ја на дното на соодветен сад и распоредете ја подеднакво на целата површина. Оставете да се излади во ладилникот на 1 час.
  • Растопете 250 гр чоколадо. Изматете го сирењето, а потоа во истото додадете ги шеќерот и чоколадото. Изматете 100 мл павлака одделно и додадете кон претходната смеса, а потоа додадете ја во садот и исто подеднакво распоредете ја.
  • За глазурата, растопете го преостанатото чоколадо и измешајте го со 100 мл павлака.
  • Покријте го чизкејкот со добиената глазура и поставете го десертот во ладилникот, да се излади 4 часа. Пред неговото сервирање може да го декорирате со какао и чоколадо.