Ако денес баравте рецепт за што убаво и слатко да им приготвите на вашите најблиски, тогаш следниот чизкејк со боровинки е токму она што ви треба! Неверојатно лесен и извонредно вкусен!

Чизкејк со боровинки

Ако денес баравте рецепт за што убаво и слатко да им приготвите на вашите најблиски, тогаш следниот чизкејк со боровинки е токму онашто ви треба! Неверојатно лесен и извонредно вкусен!
Вкупно време30 мин
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чизкејк, боровинки
Порции: 4

Состојки

  • 200 гр бисквити
  • 400 гр кисела павлака
  • 175 гр крем сирење
  • 125 гр путер
  • 3 супени лажици шеќер
  • 240 гр слатко од боровинки

Начин на подготовка

  • Сомелете ги бисквитите, а потоа кон истите додадете го растопениот путер и добро измешајте ги состојките.
  • Добиената смеса исипете ја во соодветен сад и порамнете ја на дното користејќи чаша, со цел да се оформи пандишпан, односно основа на чизкејкот. Складирајте во ладилникот.
  • Во меѓувреме пригответе го филот: Исипете ги павлаката, крем сирењето и шеќерот во еден сад и со лажица заедно измешајте ги.
  • Извадете го бисквитното тесто од ладилникот и врз истото исипете го филот. Порамнете со лажица и оставете го 2 часа да отстои во ладилникот.
  • На крај, извадете ги чизкејкот од ладилникот, нанесете го слаткото од боровинки одозгора и вратете го десертот во ладилникот, да отстои дополнителни 3-4 часа.