По часови вртење во креветот и фактот дека не преостанува многу време пред да се активира вашиот аларм, едноставно веќе се чувствувте исцрпени поради нарушениот сон.

Несоницата и неквалитетниот сон може да резултира со сериозни последици за здравјето.

Доколку и вие соочувате со ваков проблем, тогаш пробајте го следното едноставно,  но неверојатно ефикасно домашно средство против несоница, на база на банана.

Чај од банана

Чајот од банана не е само обичен напиток со егзотичен мирис и пријатен вкус на карамела. Тој содржи големо количество на калиум, кој го регулира крвниот притисок и магнезиум, кој помага во опуштање на мускулите. Витаминот Б6 пак, го стабилизира нервниот систем и ги обновува механизмите за регулирање на сонот.

Покрај тоа, додавањето на цимет ќе помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што е од клучна важност во вечерните часови.

Потребни состојки

  • 2 банани
  • 2 прстофати цимет
  • 600 мл вода

Начин на подготовка

Сварете ја водата, а потоа додадете ги излупените (по ваша желба) банани. Варете 10 минути. Следно, додадете го и циметот и оставете го чајот под капакот уште дополнителни 5 минути. На крај добиената смеса прецедете ја и додадете го чајот во шолји.

Топлиот чај може да го засладите со малку мед. Потребно е напитокот да го консумирате 40 минути пред спиење.