При неодамнешно истражување, експертите открија како можеме брзо да се ослободиме од наталожените масни наслаги околу стомакот, со техника која е едноставна и лесна.

Според нив, доколку сакаме ги отстраниме вишокот килограми и масни наслаги, само треба да се водиме според правилото „2+2+3“.

Првите два дена потребно е да се посветиме на кардио вежби со умерен интензитет, а останатите 2 дена треба да практикуваме тежински вежби со низок интензитет. Притоа во текот на сите овие 4 дена, треба да водиме сметка да се храниме правилно и умерено или да изберете одредена диета, која најмногу ви одговара.

Кардио вежбите вклучуваат брзо одење, трчање и пливање, додека пак, тежинските вежби може лесно да ги правите во теретана или дома, со употреба на тегови.

Останатите 3 дена од неделата потребно е да одморите од вежбањето и да ја паузирате строгата диета и да се вратите на вашата омилена храна, но без да претерувате во нејзиното консумирање.

Овој секојдневен режим особено ќе биде корисен по празничниот период, во кој повеќето од нас се склони кон добивање неколку вишок килограми.