Денес со вас споделуваме златен рецепт за брзо крофнички, кои се приготвуваат со кисело млеко. Покрај вообичаените состојки, како јајца и брашно, овој рецепт содржи и јаболка, што дополнително ги прави крофничките извонредни меки и сочни!

Брзи крофнички со јаболка

Денес со вас споделуваме златен рецепт за брзо крофнички, кои се приготвуваат со кисело млеко. Покрај вообичаените состојки, како јајца и брашно, овој рецепт содржи и јаболка, што дополнително ги прави крофничките извонредни меки и сочни!
Вкупно време15 минути
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: јаболка, крофни, крофнички
Порции: 4

Состојки

  • 2 јајца
  • 200 мл кисело млеко
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 супени лажици кисела павлака
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1/3 кафена лажица сол
  • 160 гр брашно
  • 2-3 јаболка

Начин на подготовка

  • Исипете го киселото млеко во длабок сад и додадете ја киселата павлака. Добро измешајте ги состојките заедно. Внатре изматете ги јајцата и додадете сол и шеќер. Повторно измешајте.
  • Измешајте го брашното со пецивото и постепено додадете ги кон претходната смеса. Добро измешајте, до добивање на тесто со густина како за палачники.
  • Земете ги јаболката, излупете ги, извадете ја срцевината и исечете ги на коцки.
  • Измешајте го овошјето со тестото. Можеби ќе биде потребно да додадете и неколку лажици брашно.
  • Исипете масло во тенџере и загрејте го. Оформете мали крофнички со помош на кафена лажица и пуштете ги да се пржат во загреаното масло. Испржете ги крофничките на средно силен оган, а веднаш штом ќе добијат кафеава боја, свртете ги од другата страна.
  • На крај готовите крофнички поставете ги на хартија, за да се апсорбира вишокот на масло.