Славниот Бред Пит, кој е на 56-годишна возраст ќе стане татко по 7-ми пат. Неговата 27-годишна партнерка, германската манекенка Никол Потуралски е веќе во 3-оти месец од бременоста.

Веќе извесно време кружат гласини дека Пит е во врска со Никол, за која многумина велат дека наликува на неговата поранешна сопруга, Анџелина Џоли, а сега нивната љубовна приказна доби ново и сосема неочекувано продолжение.

Американските медиуми соопштуваат дека Никол е бремена, а ова ќе биде седмо дете на славниот актер. „И двајцата се возбудени, иако на почетокот Бред беше малку шокиран и збунет. Нивната врска се разви многу брзо. Бебето не беше планирано, но сега веќе е реалност и сега тие среќно го очекуваат.“ – вели извор близок на парот.

Славната двојка нема дадено свој официнален коментар по овој повод.