По разделбата на еден од најпознатите парови во светот- Бранџелина, постојано се пишува по медиумите за бурниот љубовен живот на Бред Пит, за кој актерот конечно реши да зборува.

Во интервју за The New York Magazine, 55-годишниот актер беше прашан дали се интересира за она што во медиумите се пишува за него, на што одговори дека најмногу го иритираат статиите кои допираат до неговиот личен живот.

„Не бегам од врски, едноставно не ги барам. Не знам со колку точно жени напишале дека сум бил, но ништо од тоа не е точно.“- одговорил Бред.