Добра вест за оние кои планираат да стапат во брак или подолго време се двоумат да ја донесат оваа одлука. Прочитајте во продолжение за што станува збор.

Идејата дека паровите кои се во брак живеат помалку стресен живот долго време се мислеше за лага, поради стереотипното мислење дека после брак, животот е едноставно тежок. Но, овој пат едно научно истражување докажа дека стапувањето во брак всушност може да го намали нивото на кортизол кај луѓето, односно нивното на хормонот одговорен за стресот.

Значи доколку сè уште не најдовте соодветно решение за вашиот стрес, романтичното изгледа би било најдоброто од сите.

Денес воедно истражуваме дали можеме да додадеме уште една ваква предност на бракот.

Бракот не е она што го гледаме во убавите поеми за љубовта

Некои од луѓето кои веќе носат бурма на раката, наверојатно ќе се присетат на сите караници или потешкотии низ кои морале да поминат заедно со нивниот партнер. А доколку се обидат да се присетат колку пати само излажале, нивото на стрес може да скокне нагоре веднаш во истиот момент. Затоа може да ви изгледа чудно зошто и како науката тврди дека животот после свадбата е значително помалку стресен.

Клучот лежи во во океанот топли и позитивни заеднички спомени што партнерите ги споделуваат меѓусебно и се чини дека овие работи се всушност најважните и тие победуваат на крај.

Се чини дека многу полесно е да се справиме со животот и проблемите, кога не сме сами

Група истражувачи пред да го спорведат истражувањето, си зададоа научна претпоставка дека меѓу луѓето во брак, слободните и разведените, првата група е најдобро зашитетена од стрес. За да ја докажат идејата и претпоставката, беше зеден примерок од плунка од 572 возрасни лица, на возраст од 21 до 55 години. По тестирањето, на нучниците откриле дека кај луѓето кои се во брак, нивото на кортизол т.е хормонот за стрес, е најниско.

Тоа може да значи дека и покрај сите шеги дека брачниот живот не е лесен, всушност луѓето кои се во брак се справуваат со значително помалку стрес, за разлика од слободните луѓе т.е тие кои не се во никаква врска.

Истражувачите истовремено докажале дека највисоко ниво на кортизол постои разведените луѓе или они кои морале да се соочат со смрт на нивниот партнер.

Покрај тоа, нивото на кортизол се менува во текот на денот. Вообичаено, ја достигнува својата највисока точка кога личноста се буди и продолжува да опаѓа во текот на денот. Истражувањето исто така ги спореди коритизолните ритми кај учесниците и откри дека кај луѓето кои се во брак, нивото на стрес хормонот опаѓа многу побрзо, за разлика кај останатите.

Запомнете дека потребен е баланс

Очигледно е дека стресот не носи ништо добро. А некои научници, високото ниво на кортизол го поврзуваат со појавата на срцеви заболувања, па дури и рак. Значи добро е да се знае дека бракот може да биде од огромна помош при ова прашање.

Но, исто така неопходно е да се има на ум дека овој научен заклучок не е лек за сите ситуации. Нема смисла да стапите во брак со првиот човек кој ќе го сретнете или бесцелно да се обидувате да ги спасите токсичните и неуспешни врски, само бидејќи мислите дека така помалку би биле под стрес. Таквите обиди најверојатно ќе ви го дадат токму спротивното, многу повеќе стрес.

Според ваше мислење, кој изгледа дека е најмалку под стрес: Луѓето во брак или слободните луѓе?