Овој Декември нè очекува промена на циклусот на Сатурн и Јупитер. Според астролозите, овој астролошки настан е неверојатно важен, бидејќи се случува само еднаш на секои 20 години. Но, експертите истакнуваат дека врската меѓу овие 2 планети ќе биде специјална за 2020-та!

Големото преклопување на Сатурн и Јупитер ќе донесе многу важни промени за луѓето, подеднакво добри и лоши промени. Се верува дека овој уникатен астролошки настан посебно ќе влијае врз секој човек, при што астролозите и експертите нè советуваат да не ги споделуваме нашите идни планови со никого и доколку сме во можност, да носиме амајалии за да се заштитиме од злобните луѓе.

Денес на 21-ви Декември, Јупитер и Сатурн ќе бидат толку близу еден до друг, што ќе изгледаат како „двојна планета“ т.е преклопување кое од Земјата ќе изгледа како силно светла точка на небото.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

„Од 4-ти Март, 1226-та година немало поблиску подредување на овие 2 планети, видливи на ноќното небо. Овој феномен е познат како „Божиќна ѕвезда“ или „Витлеемска ѕвезда“. Астролошкиот настан може да се набљудува од било која точка на Земјата, каде небото е јасно, а истиот нема да се повтори дури до 2080-та година.“- објаснува Патрик Хартинган, астроном од универзитетот „Рајс“.

Покрај тоа што астролозите советуваат да не ги откриваме нашите планови на никој, исто така советуваат дека денес е идеален ден да обратиме внимание на нашите животни приоритети.