Болка во јајниците: Кои симптоми се загрижувачки за да се обратите на лекар

Јајниците се парни органи кои се дел од внатрешниот репродуктивен систем на жените. Болката при истите не е необична и милион жени ширум светот секојдневно се соочуваат со непријатните симптоми. А еве кои се најчестите причини за нејзината појава.

Најчести причини за болка во јајниците и нивни симптоми

Причини за болка во јајници

  • Овулација: Настанува како дел од месечниот циклус кога јајце-клетка се спушта во јајцеводот. Се манифестира со повремена неудобна болка во јајниците, зголемена желба за интимни односи, зголемена чувствителност на градите.
  • Карлична инфламаторна болест: Настанува со воспаление на карлицата и репродуктивните органи поради сексуално преносливи болести и бактерии. Се манифестира со температура, болки во долниот дел од стомакот при интимни односи, нередовна менструација.
  • Полицистични јајници: Настанува со формирање на цисти на јајниците и зголемување на нивото на андрогени. Се манифестира со болки во долниот дел од стомакот, нередовна менструација, зголемена влакнетост, акни, зголемување на телесната тежина, неполодност.
  • Ендометриоза: Настанува кога делови од ендометриумот ја напуштаат матката и најчесто преминуаа во пределот на карлицата. Се манифестира со болна менструација, стомачни грчеви, болка за време на интимните односи, болка во долниот дел од грбот, абнормално крварење.

Како да ја третирате болката во јајниците во домашни услови

Домашен лек за болка во јајници

Подговете купка со Епсом сол (магнезиум сулфат) со цел да ги ублажите грчевите и да ги опуштите мускулите. Консумирајте бадеми бидејќи се богати со магнезиум. Користете топли облоги. Масирајте го долниот дел од грбот. Практикувајте многу лесни јога пози.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка во јајници

Во било кој даден момент, доколку почувствувате необична болка во јајниците, остра болка, болка која не престанува, кога менструалниот циклус трае повеќе од 38 дена и помалку од 24 дена. Кога менструацијата трае повеќе од 7 дена.

Во кратки црти

Иако благите и помали непријатни болки се речиси нормални пред и за време на менструацијата, сепак болката во јајниците во ниту еден случај не треба да се игнорира, бидејќи причините за појавата на истата може да бидат посериозни, при што треба да посетите лекар.