Болка во бубрезите – Еве кога и што може да направите во домашни услови

Болката во бубрезите е непријатна состојба која доаѓа од областа каде се сместени вашите бубрези. Често се опишува како тапа болка која ја чувствувате околу страните, во грбот или стомакот. Болката во бубрезите лесно може да биде погрешена со болка во грб.

Најчести причини за болка во бубрезите и нивни симптоми

Причини за болка во бубрези

  • Бубрежен камен: Настанува кога материи како калциум или мочна киселина се кристализираат и се таложат во мочниот меур. Се манифестира со интензивна, ненадејна, остра, прободувачка болка и грчеви.
  • Пиелонефрит: Настанува со инфекција на двата бубрега, предизвикана од одредени организми или бактерии. Се манифестира со болка во грбот, болка во едната или двете страни под ребрата или препоните и покачена температура.
  • Хидронефроза: Настанува со отекување на бубрезите кога овој орган се блокира и го отежнува уринирањето. Се манифестира со болка и во двата бубрега.
  • Бубрежни цисти: Настануваат кога на површината на бубрезите се создаваат цисти т.е ќеси исполнети со течност. Се манифестираат со тапа болка од едната страна или грбот или болка во горниот дел од стомакот.
  • Полицистична бубрежна болест: Генетска болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите. Се манифестира со болка во грбот или од страна.
  • Венска тромбоза: Настанува со формирање на тромб во една од вените на бубрезите. Се манифестира со остра и долготрајна болка од страна. Повремено може да почувствувате и грчеви.
  • Повреда на бубрезите: Настанува при одредена потешка физичка активност како бокс, јавање коњ, играње одреден спорт. Се манифестира со чувство на непријатност од било која страна на стомакот или долниот дел од грбот.
  • Бениген тумор на бубрезите: Се манифестира со крв во урината, тапа болка во едната страна, болка во препоните и бутовите, болка на долниот дел од грбот.

Како да ја третирате болката во бубрезите во домашни услови

Домашен лек за болка во бубрези

  • Бубрежен камен: Клучно е да останете хидратирани. Пијте многу вода, сок од лимон, сок од босилек, јаболков оцет, сок од мандарина и сок од целер.
  • Пиелонефрит: Пијте многу вода и сок од брусница. Избегнувајте консумирање на алкохол и кафе. Консумирајте пробиотици, витамин Ц и сок од магдонос и јаболко.
  • Хидронефроза: Може да ја ублажите болката и симптомите со пиење доволно вода и течности, нанесување на топла облога на местото на болката, уринирајте на секои 2 часа т.е не ја задржувајте урината, спијте доволно и консумирајте храна богата со хранливи влакна.
  • Бубрежни цисти: Консумирајте храна од цели зрна, свежо овошје и зеленчук, јајца, млеко, избегнувајте тешки физички активности, избегнувајте алкохол и цигари и регулирајте го крвниот притисок.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка во бубрези

Ако имате постојана, тапа болка во едната страна, температура, се чувствувате изнемоштено и имате осип на телото и ако забележите крв во вашата урина веднаш обратете се на лекар.

Во кратки црти

Болката во бубрезите е непријатна здравствена состојба која може секому да му се случи. Иако здравјето на бубрезите може да го заштитите и негувате со доволна хидратација и правилно изберена исхрана, сепак доколку забележите алармантни симптоми и болката не исчезнува, непходно е да веднаш да посетите лекар.

  • Imam pocesto bolki vo dolniot del od grbot vo predelot na bubrezite .Imam nadesnata strana kamen vo bubregot no so rovatineks go
    smiruvambideejki denes 8 saati sedam dali e pricina za bolest na bubrezite ili dolgoto sedenje.

  • Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *