Мокрењето е сосема нормална и природна потреба и начин на кој нашето тело го исфрла вишокот течности од организамот. Но, ретко кога навистина го слушаме „гласот“ на урината, а таа има многу што да каже за нашето здравје.

1. Промена во честотата и количеството

Честотата е една од најважните работи на кои треба да обратите внимание пир уринирањето.

Нема простор за паника, доколку во текот на еден ден одите повеќе пати во тоалет. Но, доколку честотата се промени и стане сè поприсутна појава, тогаш се препорачува да направите лекарски преглед. Можеби сте се здобиле со инфекција или воспаление на уринарниот тракт, можеби имате хиперактивен мочен меур, дијабетес или сте бремена.

Доколку мокрите почесто, но во помали количества, не се исклучува симптомот дека би можело да се работи за дехидрираност.

Освен тоа, промената може да биде и промена која настанала како резултат на внес на лекарства во организамот.

2. Мирис

Доколку кога мокрите, почувствувате засилен мирис на амонијак, тоа може да биде симптом на дехидрираност. Доколку чувствувате мирис на мувла, тоа може да биде индикација дека имате проблеми со црниот дроб и метаболизамот. Слаткиот мирис е индикатор за дијабетес.

3. Густина

Доколку вашата урина е матна, тоа индицира дека имате камен во бубрезите. Доколку е пенеста, тоа може да означува пренатрупување на протеини во организамот, што повторно укажува на тоа дека постои проблем со бубрезите.

4. Промена на боја на урината

Портокалова боја: Тоа може да се должи на консумирањето портокалова храна, која е богата со каротин. Истовремено може да биде резултат на внес на антибиотици, хемотерапија и внес на лекарства за разредување на крвта

Кафеава боја: Доколку вашата урина е темнокафеава, дури како црн чај, тоа би можело да биде индикатор дека имате проблеми со бубрезите и црниот дроб. Светлокафеавата урина може да се должи на консумацијата на ревен или леќа. Лаксативните лекарства и лекарства против мускулна температура, маларија и слично исто можат да бидат причината за кафеавата боја на урината.

Сино-зелена боја: Доколку забележите ваква промена во бојата на вашата урина, за тоа може да го обвините аспарагусот. Истовремено, виновниците може да бидат и лекарствата против гадење, киселини и внесот на некои мултивитамини.

Црвена/ Розева боја: Урината со таква боја може да укажува на инфекција, појава на рак, камен во бубрезите или мочниот меур или да сигнализира заболување на црниот дроб, труење со жива или олово. Но, воедно причината може да биде внесот на анестетици, апчиња за слабеење или антидепресиви. Не е исклучена ниту можноста од консумација на горки плодови или внес на цвекло.