Изневерување. Тоа не е толку невообичаено.

Всушност тоа се случува насекаде. Едноставно има толку многу луѓе кои се склони да изневеруваат. Кога во една врска има изневерување, резултатот секогаш е тежок и деструктивен. Тоа е изневерување на вашата доверба.

Не секогаш знаете што прави партнерот зад вашиот грб, кога не сте со него. А за постапките на една токсична личност и изневерувањето не би требало да постои опростување. Никогаш ништо нема да го оправда изневерувањето и сега дури и се радувам што бившиот ме изневери.

Доволно ми беше од сè, се што се случи. Се подразбира, го оставив бившиот, веднаш штом дознав дека е со друга жена. Таа друга жена забремени од него, а во тоа време ние сèуште бевме во врска.

Едноставно бев шокирана. Не мислев дека тоа може мене да ми се случи и бев многу лута. Бев лута бидејќи човекот кого најмногу го сакав на овој свет и во кој верував, ме изневери, ја изневери мојата доверба. Почувствував тага. Бев толку погодена од ситуацијата во која се наоѓав. А покрај целата таа тага, се појави и чувството на несигурност.

Започнав да се менувам, веќе не бев старата јас. Започнав да се сомневам, дали идејата за љубов, која некогаш живот ми значеше, е навистина реална. Можеби не бев доволно убава за него. Можеби бев премногу слепа и глупава, за да создадам успешна врска. Можеби јас направив нешто погрешно и никогаш ништо не сфатив.

Можеби навистина има подобри од мене…Вака размислував изневерената јас и тоа многу долго време. Но, решив дека ова измачување треба да престане. Престанав да тагувам и престанав во себе да ги носам отровните чувства. Решив дека штом некој одлучил да ме изневери, тогаш проблемот е во него, а не во мене.

Решив да престанам да се обвинувам самата себе. Дојдов до заклучок дека изневерениот човек никогаш не треба во себе да ги бара оправдувањата за постапките на токсичниот партнер што изневерил.

Секогаш треба да знаете, личното чувството за вашето постоење не треба да го поврзувате со друга личност. Вие сте на прво место. Факт е доколку некој не ве цени вистински, тоа не значи дека вашата вредност е мала. Тоа што некој не знае да ве цени е негов, а не ваш проблем.

Ми требаше долго време да сфатам дека јас всушност сум му благодарна на мојот бивши партнер. Неговото предавство ме натера јас лично да ја сфатам мојата вистинска вредност. Поради тоа, станав многу посилна. Станав силна бидејќи успешно ги поминав сите животни тестови.

Да разделбата со партнерот може да ве скрши, но тоа не го означува крајот на вашиот пат и вашиот живот. Понекогаш, разделбата значи и нов почеток, означува раѓање на вашата нова личност, на која сте должни многу. И тоа е нешто на што треба да бидете благодарни, зарем не?