За екстремно талентираните и врвни генијалци и уметници често се вели дека имале лош карактер и ексцентричен животен стил поради кои страдале и нивните сопруги. А еве без кои жени, нивните мажи не би постигнале светска слава и успех во кариерата.

1. Гала

На јавноста позната како Гала, таа некогаш се викала Елена Диаконов. За неа велат дека таа била првата која ја воочила генијалноста на славниот уметник Салвадор Дали. Кога за првпат се запознале, Дали страдал од анксиозност и депресија, а таа станала неговата сопруга, муза, модел, мајка, личен асистент, се грижела за неговата кариера, лично ги организирала изложбите и пронаоѓала нови клиенти за неговите дела.

И самиот тој велел дека без неа би останал да се бори со неговите внатрешни демони, притоа не достигнувајќи светска слава. На секое дело се потпишувал со “Гала- Салвадор Дали”.

2. Мерцедес Барча Пардо

Еден од најголемите латино-американски писатели на 20-от век, Габриел Гарсија Маркез, ја сретнал својата сопруга на подиум за танцување, кога таа имала само 13 години. И покрај нејзината возраст, Маркез веднаш ја запросил, а се венчале 13 години подоцна кога Мерцедес го завршила образованието.

Таа постојано го охрабрувала својот сопруг, па дури и кога семејството се наоѓало во тешка финансиска криза, таа го поддржала Маркез да не престане со пишувањето, а таа заработувала, па дури кога требало да ја прати својата книга на уредникот, а немал пари, Мерцедес го продала својот фен, а подоцна Маркез за своето дело добил Нобелова награда.

3. Јоко Оно

Фановите на најпопуларниот бенд на сите времиња, Битлси, често вината за нивниот распад ја гледаат во Јоко Оно, но фактите зборуваат дека групата започнала да не се согласува меѓусебно уште пред Џон Ленон воопшто да ја запозне Јоко.

Благодарение на неа, Ленон се запознал со светот на авангардната уметност и го лансирал својот прв солистички албум со насловната песна “Замисли” (анг. Imagine), која подоцна станала еден вид химна на хипи-движењето. Ленон за нив двајцата секогаш велел дека имаат една душа и две тела.

4. Софија Толстој

Најголемиот руски писател, Лав Толстој скоро половина од својот живот го поминал со неговата муза и сопруга Софија Толстој. Неа често ја опишувал како негов “ангел заштитник”, а истовремено Софија била неговиот личен асистент, менаџер, а му помогнала во преведувањето и препишувањето на неговото најпознато дело “Војна и мир”.

5. Уна О’нил

Уна е сопруга на легендардниот комичар, Чарли Чаплин. Го запознала Чарли кога имала 17 години, а тој имал 54 години. Иако неговиот татко се противел на нивната врска поради големата разлика во годините, сепак Уна и Чарли не се откажале од својата љубов и истата ја крунисале со 8 деца.