И покрај фактот што ијогата произлегува од индиската култура и е тесно поврзана со тамошните спиритуални учења, а денес во современиот свет станува сè повеќе популарна.

Меѓу најпопуларните се т.н „Асани“ вежби за практикување, за кои се смета дека преку нивното пракиткуваење, се обединува телото и умот на човекот. А од е здравствен аспект, овие вежби се насочени кон целосно опуштање на мускулите.

„Асани“ јога

Асаните се јога положби, кои помагаат во развивање на еластичност на телото, при што го активираат и обликуваат секој мускул. Со помош на овој вид на јога, можете да го зацврстите вашиот грб, стомачните мускули, мускулите на нозете и рацете. Со правилно практикување на оваа вежба, телото многу лесно може да го доведете во одлична физичка состојба.

Денес ќе зборуваме за една специфична „асани“ положба, наречена „уттана шишасана“, која ефикасно ќе ви помогне брзо да се ослободите од болките и проблемите со грбот.

Како се прави вежбата

Застанете на колена, поставете ги дланките и стапалата на подот со растојание како рамената, а грбот треба да ви биде поставен паралелно во однос на подот. Придвижете ги дланките кон напред, спуштете ги градите и брадата кон подот, без да се потпирате на вашите лакти.

При издишувањето, нежно спуштете ја главата, а брадата наведнете ја кон градниот кош.

Наизменично движење ги рамената од отворена кон затворена положба, фокусирајќи се на нивната опуштеност. Вратете се во првобитната положба.

Од оваа положба препуштете се на т.н бебеша положба. Односно целосно спуштете го вашето торзо на вашите нозе и добро протегнете ги кон напред вашите раце. Потоа вратете се во вашата првобитна положба.

Повторете ја вежбата 15-20 пати. Не заборавајте дека треба да се смирени, опуштени и да дишете правилно.