Само замислете – Ви се јаде нешто слатко, но ве мрзи да одите до продавница, а пак не се троши време да печете некој колач. Денес ви го претставуваме идеалното решение на овој чест проблем – супер брза торта подготвена во микробрановата печка, готова за 4 минути!

Бижу торта

Само замислете - Ви се јаде нешто слатко, но ве мрзи да одите до продавница, а пак не се троши време да печете некој колач. Денес ви го претставуваме идеалното решение на овој чест проблем - супер брза торта подготвена во микробрановата печка, готова за 4 минути!
Вкупно време10 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: диетален колач, брза торта, банана
Порции: 4

Состојки

  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 6 супени лажици какао
  • 1 кафена лажица пециво
  • 80 гр урда
  • 50 гр кисела павлака
  • 20 гр шеќер или засладувач

Начин на подготовка

  • Со помош на вилушка, пасирајте ги бананите со јајцата. Сосема во ред е и да ви останат мали парчиња од бананата.
  • Додадете ги какаото и пецивото и добро измешајте ги состојките. Исипете го тестот во соодветен сад за микробранова печка, лесно премачкан со масло и поставете ја смесата во печката да се пече 4 минути. (Ориентирајте се според моќноста на уредот)
  • Додека тестото се пече, пригответе обичен крем: Поставете ги урдата, киселата павлака и шеќерот во блендер и мешајте до добивање соединета смеса.
  • Извадете го испечениот пандишпан, исечете го на половина, а секоја половина уште на 2 половини, така што ќе добиете 4 пандишпани. Секое парче премачкајте го со кремот и залепете ги заедно. Одзгора премачкајте уште еднаш со кремот и декорирајте по желба.